Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Волонтери

Кој е волонтер во Црвениот крст?

 Волонтер на Црвениот крст е лице раководено од својата слободна желба да обавува волонтерска дејност со која ќе придонесува за подобрување на животот на ранливото население.

Работата на волонтерот е без финансисиски и материјален надомест и се темели

врз Основните принципи на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Вие можете да донесете промени

Благодарение на хуманоста на луѓето, Црвениот крстпомага за подобрување на животот на ранливото население (лица кои живеат во тешки,економски, социјални услови)

Ако Вие сакате да го дадете Вашиот придонес во донирање или волонтерско ангажирање Ве молиме да контактирате со канцеларијата на Црвениот крст во Вашата општина.

Зошто треба да бидете волонтери во Црвениот крст?

Бидејќи ќе бидете во можност :

- Да бидете дел од Меѓународно хуманитарно движење и на универзална хуманитарна мисија

- Да ги реализирате Вашите природни аспирации за солидарност и хуманост

- Да придонесете за подобрување на ранливото население и нивна подобра иднина

- Да имате контакт со различни луѓе, да бидете дел на нови пријателства и размена на искуства

- Да ги зголемите Вашите капацитети , или да ги развиете Вашите комуникациски способности преку средби, курсеви семинари што Црвениот крст ги организира

- Да обезбедите подобра иднина за Вас, подобро место во општеството и лично усовршување преку искуството стекнато волонтирајќи во Црвениот крст.

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.