|
МЛАДИ
Тргнувајќи од
целта на програмата Млади- Подигање
на свеста кај младите луѓе за
хуманитарна активност, социјална
одговорност како и нивното
регрутирање во редовите на
организацијата, преку клубот на
млади на Црвен крст на град Скопје
ќе бидат реализирани низа активности.
Хуманоста,
поддршката кон различни целни групи
и креативноста на младите ќе
резултираат и со изготвување на
посебна програма креирана токму од
нив самите.
Поддршката кон традиционалните
(календарски) активности и
програмата на клубот на млади ќе
резултираат со:
Будење
на хуманоста и помош за ранливо
население
Стекнување
на здрави животни навики, градење на
самосвесни млади личност,
пренесување на стекнатато знаење
преку неформална едукација
Надминување
на предрасудите и дискриминација
Едукација
и дружење
Активности:
Клубот на млади и
оваа година ќе реализира низа
едукации, активности на терен и
собирни акции со цел да допреме до
што поголема целна група, да се
опфтат што повеќе теми од интерес и
да бидеме поблиску до лицата на кои
помошта и поддршката им се неоходни.
Во оваа насока
планирани се:
Реализација на
едукативни сесии на тема Младите во
борба против трговија со луѓе
Одржување обука
младинци во училиштата каде имаме
клубови за едукација и превенција
- Одржување на
еднодневни едукативни сесии во
институции (домови) каде
престојуваат млади
Одбележување на
светкиот дена за борба против
ХИВ/СИДА на 01 Декември и
организирање на централната
манифестација
- едукации на
повеќе целни групи од страна на
нашите обучени тренери и пиер
едукатори
Организирање на
хуманитарен концерт Љубовни ноти 3
во соработка со МБУЦ Илија
Николовски Луј - Скопје
Реализиација на
едукативни предавања за штетните
последици од физичката неактивност
кај младите како чекор кон
превенција од срцево садови
заболувања
- организирање на
работилници и изработка и
дистрибуција на пропаганден
материјал во соработка со
Кардиохирургија Филип Втори
Посета на клиниката
за онкологија и торакална хирургија,
подготовка на подароци за лицата
оперирани од карцином во рамките на
одбележување на неделата за борба
против ракот и во пресрет на
прзаникот на жената 8-ми март
Реализација на
работилници, заеднички активности со
лицата со хендикеп
Организирање на
еднодневна екскурзија на Водно и
едукативни работилници со децата од
семејствата баратели на азил во РМ и
нивно вклучување како поддршка кон
активностите на клубот на млади
Учество во
активностите по повод Светскиот ден
на прва помош
Собирни и продажни
акции за одбележување на Денот на
гладта
Одбележување на
неделата на млади со промотивни
активности и собирни акции
Посета на домот за
стари лица Мајка Тереза во Злокуќани
Собирна акција Млади
за млади во маркетот во ТЦ Рамстор;
Делење на пакетчиња;
Едукации и дообука
на младите преку нивно учество на
семинари и обуки во земјава и надвор
од неа
И во тековната 2011
година ќе ја продолжиме соработката
со Меѓуопштинскиот центар за
социјална работа во насока на
социјализација и поддршка на децата
сместени во згрижувачки семејства
како и дневните центри за лица со
посебни потреби. |