Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА И ЦЕНТАР ЗА ДАВАЊЕ ПОМОШ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Кратко сиже на проект/социјален сервис:

Во рамките на Црвен крст на град Скопје од септември 2011 година се имплементира проект посветен на грижата на стари лица т.е. проектот: „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“. Со финансиска поддршка и искуство на Австрски Црвен крст и Австриска Агенција за равој во 2011 година започна имплементацијата на проектот на територија на Црвен крст на град Скопје и на територија на Црвен крст Велес и Црвен крст Крива Паланка. Во 2012 година проектот во Црвен крст на град Скопје доби поддршка од страна на Градот Скопје и Министерството за труд и социјална политика. Проектот има добиено поддршка од: Компанијата ЕВН Македонија и Австриската осигурителна компанија Уника. Актуелни поддржувачи на пректот се: Австриски Црвен крст, Град Скопје и Даути Фондацијата.

Проектот се развива и имплеметира со основна цел за развивање форми на вонинституционална заштита и обезбедување грижа и здравствена заштита на стари и изнемоштени лица.

Специфините цели на проекот се:

- Унапредување на на квалитетот на животот, здравјето и психофизичката состојба на старите лица;

- Задоволување на здравствени и социјални потреби на старите лица;

- Социјализација и збогатување на степенот на едукација на старите лица;

- Промовирање на активен пристап кон животот во староста;

- Промовирање на волонтерство, вклучување на граѓаните во доброволна работа во активности од Програмите на Градот Скопје и во програмите на други организации кои нудат социјални услуги.

Целна група на проектот се 180 стари и изнемоштени лица кои живеат сами или со својот брачендругар кои имаат потреба од медицинска и психо-социјална поддршка и околу 300 активни стари лица.

Лицата кои се посетени во домашни услови живеат на подрачјето на општините: Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода,Сарај и Шуто Оризари, вкупно 8 општини.

За реализација на целите на проектот наменет за старите лица кои се целна група на проектот, програмата има развиено структура за дејствување и функционирање на терен односно за давање грижа во домашни услови.

Секое старо лица е посетено во неговиот дом од медицинската сестра и волонтер еднаш во неделата а, по потреба и повеќе. Во проектот за потребите на старите лица се инволвирани 12 волонтери и 6 медицински сестри.

Услугите кои ги дава медисинското лице се:

Мерење на шеќер во крвта

Мерење на притисок

Контакти со матичниот лекар

Делење на бесплатни лекови(предвидени во проектот)

Давање на совети за земање на терапија

Давање на совети за исхрана

Придружба на старото лице при одење на лекар.

Услугите кои ги даваат волонтерите се:

Разговори и други активности за социјализација

Делење на храна

Помош во купување на прехрамбени продукти, лекови и сл.

Придружба на старото лице при одење на лекар, на прошетка и сл.

Завршување на административни работи за старото лице.

Започнувајќи од Април 2012 во рамките на проектот со своето проширување функционира Дневен центар за стари лица со три простории на три различни локации т.е. во просториите на Дом на Хуманитари Организации Даре Џамбаз, во просториите на Црвен крст Чаир и во Сарај во просториите наосновното училиштето ,,Дитуриа”. Тука, на дневна основа циркулираат повеќе од 80 стари лица, активни пензионери. Овие лица се инволвираат во програмски обмислени активности за активно стареење.

Во Дневниот центар се реализираат следните активности: Едукации на теми кои се интересни и корисни за старите лица; Одбележување на календарските активности на Црвен крст (Недела на срцевосадови заболувања, Недела на борба против туберкулоза, Недела на грижа за стари лица и др.); Организирање на друштвени и/или натпреварувачки игри (бинго, шах, пикадо);Хуманитарни активности; Одбележување на празници и родендени; Организирање на заеднички прошетки; Организирање на разни креативни работилници; Дискусии на разни теми (книги, филмови, актуелни состојби); Музички активности.

Во просториите на Дневниот центар работат одговорни лица кои ја организираат работата на дневните центри. Во Дневен центар со локација во ДХО Даре Џамбаз одговорно лице во дневен центар за стари лица и социјален работник, во просториите во Црвен крст Чаир двајца социјални работилница и во просториите на територија на општина Сарај две медицински лица кои наизменично покрај работата на терен наизменично ја организираат работата во центарот. Сите активности се координирани од страна на координатор. Волонтерите и во дневниот центар имаат огромна улога при реализацијата на тековните активностите.

Квантитаивен приказ на дел од резултати кои се постигнуваат на месечна основа:

Посети од страна на медицинскиот тим – 720 ПОСЕТИ ВО ДОМОВИТЕ НА СТАРИТЕ ЛИЦА

Посети од страна на тим на волонтери – 320 ПОСЕТИ ЗА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА И ПОДДРШКА НА СТАРИ ЛИЦА

Обезбедени лекови – 110 СТАРИ ЛИЦА ВО ПРОСЕК НА МЕСЧНА ОСНОВА СЕ СНАБДЕНИ СО ЛЕКОВИ

Медицински општи прегледи во Дневен центар –135 АКТИВНИ ПЕНЗИОНЕРИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ПРЕВЕНЦИЈА

Активности за социјализација(предавање, прошетки и сл.) – НЕДЕЛНО ВО ПРОСЕК ПО 5 АКТИВНОСТИ

 

Процес на селекција на корисник во домашни услови:

Критериумите едно лице да биде вклучено како корисник во домашни услови, покрај територијата на живеење определена со проектот, е и возраста т.е. лицето да биде во периодот на трето доба и истото да живее само или со својот брачен другар.

Секој оној кој самоиницијативно ќе се пријави односно побара да биде вклучен во пректот, или истата информација ќе ситигне преку некој од центрите за социјална работа, е посетено од страна на тим на социјален работник, психолог и медицинско лице со што се запазени стандардите за проценка донесени од страна на Завод за социјални дејновсти – Скопје.

Доколку лицето се утврди дека е изнемоштено и/или има реална потреба за социјализација и нарушена здравствена состојба истото понатаму е посетено од страна на тимот на проектот.

 

702319_411734692231419_1584608971_n

 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.