Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Крводарителство

Насоките за ангажирањето на Црвениот крст на град Скопје во областа на крводарителството се дел од конкретните активности што се утврдени со Националната програма за организирање и унапредување на крводарителството во нашата земја, а која се темели на принципите на доброволност и анонимност.

Едукацијата во оваа област е долгорочна инвестиција, таа не создава чуда и не нуди формула за успех. Станува збор за упорност и доследна работа на една проблематика која добро се познава, а успехот оди постепено но сигурно со постојано зголемување на бројот на крводарителите.

Нашата долгорочна стратегија е да навлеземе во сите пори на општеството, да ја издигнеме свеста на граѓаните да се приклучат на големото семејство на крводарители кои својата хумана мисија ја доживуваат како своја животна определба.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Како се станува доброволен дарител на крв?
Едноставно – најпрво морате да донесете одлука дека сакате да дарувате крв и така да спасите некој човечки живот. Јавете се во Црвениот крст или во најблиската трансфузиолошка служба. Дарувањето на крв е привилегија на здравите луѓе, затоа што само здрава личност може да биде доброволен дарител на крв.

Како може да се дарува крв?
Најчести начини на дарување на крв се:
- Класично дарување, што значи земање на една полна доза крв од 450 мл.
- Давање на крв со аферзна постапка (давање на делови од крвта), и
- Плазмафереза (давање на плазма).

Колку често и кој може да дарува крв?
Крв може да дарува секое здраво лице на возраст од 18 до 65 години. Мажите може да даруваат крв на секои 3 месеци, а жените на секои 4 месеци.

Колку трае дарувањето на крв?
После обавениот лекарски преглед и одредувањето на хемоглобинот во крвта, класичното дарување на крв трае десеттина минути.
После тоа е предвидено време за одмор и дружење со другите крводарители, освежување со лесен оброк и со безалкохолни пијалоци.

Дали крводарувањето е болно?
НЕ, освен еден мал убод, нема ништо да почувствувате.
Тоа е навистина така.

Како ќе се чувствувам по дарувањето?
Вообичаено дарителите не чувствуваат никакви потешкотии или промени за време на или после дарувањето. Некои дарители се чувствуаат дури и подобро и олеснето од колку пред дарувањето. Сепак незначителен број на дарители може да почувствуваат лесна непријатност или мачнина. Тоа не треба да Ве загрижува, зашто таквите појави се минливи и без последици. Лекарот ќе Ве советува како да постапите при појава на таква реакција.

Дали се тестира крвта?
ДА.
Ќе дознаете за Вашата крвна група и резус фактор.
Вашата крв ќе помине низ многу лабораториски испитувања:
Тест за барање антитела – ги открива материите кои реагираат на страни крвни клетки, па може да дојде до несакани последици;
Се тестрира дали дарителот боледувал од сифилис;
Воспаление на црниот дроб – жолтица;
Се прави испитување на анти тела против предизвикувачот на СИДА (ХИВ вирусот)
Доколку Резулатите од лаборатиориските испитувања покажат некои отстапувања, трансфузиолошката служба ќе го информира крводарителот.

Треба ли да се јаде пред дарувањето на крв?
Крводарувањето е составен дел од секојдневниот човеков начин на живот и дарителот треба да јаде и дапие вообичаено како секој. Дарителот подобро ќе се чувствува ако неколку часа пред дарувањето има земено лесна храна. Поради примателот на крв, НЕ се препорачува да се јаде изразито мрсна храна или пие алкохол 8 часа пред дарувањето на крв. Крводарителот треба да биде одморен и релаксиран.

Што се случува понатаму со резултатите од тие тестирања?
Сите резултати од тестирањата се достапни за увид само на дарителот и на медицинските лица кои непосредно ги изведуваат тие тестови или се одговорни за контрола на квалитетот на добиените крвни компоненти, т.е. има апсолутна анонимност и дискреција. Лицата кај кои се утврдило дека било кој тест од оние наменети за заразни болести преносливи со крв е позитивен, се повикуваат по писмен пат да дојдат за повторно тестирање или за упатување во некоја друга институција која е задолжена за лекување или дополнително испитување.

Дали со дарувањето крв може да се добие сида (АИДС)?
НЕ – тоа не е возможно!
Со дарувањето на крв не може да се добие ниту СИДА (AIDS) ниту било која друга заразна болест. Сетот за дарување на крв е стерилен и е за една употреба.

За колку време се надоместува даруваната крв?
Течниот дел од крвта – плазма се надоместува за 24 часа. Крвните клтеки (еритроцити, тромбоцитеи, леукоцити) се надоместуваат постепено во текот на неколку недели, во зависност од видот на клетките. Затоа е зададен временски интервал помеѓу две дарувања од 3 месеци за мажи и 4 месеци за жени.


Кои се најчесто причините за привремено одбивање на крводарителите?
- Низок хемоглобин, висок или низок крвен притисок,
- Жените за време на менстуален циклус, бременост или доење,
- Лесни акутни болести (кивање, настинка),
- Тетоважа и пирсинг,
- Алкохолизирана состојба,
- Земање на антибиотици
- После примање на трансфузија,
- После оперативни зафати и сл.
Ова се само неколку причини за привремено одбивање на крводарителите. Конечната одлука ја донесува лекарот при прегледот и разговорот со дарителот пред самиот чин на дарување на крв.

Кои се најчести заболувања кај кои се применува трансфузија на крв?
Лекувањето со трансфузија на крв е предуслов за многу медицински интервенции во спасувањето на човечки животи. Трансфузија на крв се употребува најчесто во следните состојби:Анемии, малигни заболувања, изгоретини, лекување на новороденчиња, крварења, операции на срце и големи крвни садови, пресадување на коскена срцевина, транслплантација на органи.

Кои крвни групи постојат и која е нивната распространетост?
Постојат голем број на крвни групи, а од нив основни и најважни се крвните групи од АБО системот и Рх крвните групи. Во АБО крвногрупниот систем се А,Б,АБ и О, а тоа се четирите крвни групи кои се наоѓаат на црвените крвни клетки или еритроцитите.

АБО сситем

Крвни групи

Р.Македонија

Европа

А

41%

30 – 40%

О

35%

34 – 50%

Б

16%

9 – 17%

АБ

8%

3 - 6,5%

Рх фактор

Крвни групи

Р. Македонија

Европа

Рх позитивни

87%

85%

Рџ негативни

13%

15%

КАКО ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ

- бидете крводарител
- бидете мотиватор
- бидете иницијатор за организирање на акција во вашата компанија


КЛУБ НА КРВОДАРИТЕЛИ

Клубот на крводарители при Црвен крст на град Скопје е организациона форма во која членуваат претежно крводарители и мотиватори од различни средини во општеството. Целта е заеднички да се промовира и унапредува крводарителството, организирање на семинари за обука на мотиватори, организирање на крводарителски акции и многу други активности на полето крводарителство. Членувањето во Клубот на крводарители е слободно за секој крводарител кој сака да придонесе за унапредувањето и промовирањето на крводарителството во територијата на град Скопје па и пошироко во територијата на Р. Македонија.


КЛУБ 25

Клубот 25 претставува програма наменета за младите која има за цел да ги поттикне на доброволно крводарителстго, да ја зајакне социјалната одговорност и промоција за здравјето кај младата популација преку крводарувањето.
Преку зачленувањето во Клубот 25 младите луѓе учествуваат во крводарителските акции, учат за здравите животни навики и се стимулираат редовно да даруваат крв, со поставена цел 20 крводарувања до навршување на 25 години од животот.

 

Како да станете член на Клуб 25?

Доколку сте на возраст до 25 години и сте дарител на крв а сакате да придонесете за унапредување и промовирање на крводарителството во Вашата средина, членувањето е слободно и можете да се упатете во канцелариите на Црвен крст на град Скопје.

БЕНЕФИЦИИ НА КРВОДАРИТЕЛИТЕ

Крводарителите кои дарувале крв над 10 пати, се ослободени од плаќање на партиципација при користење на определени видови на здравствени услуги:

- Два слободни денови од работа и настава (Службен весник на Р.М. бр. 62/2005 година – Закон за работни односи);
- Амбулантно-поликлиничка здравствена заштита;
-Лабораториски прегледи и анализи;
- Ренгенски прегледи и снимања,
- Прегледи на улттра звук ( ехо прегледи);
- Преглед на компјутерска томографија и магнетна резонанца;
- Специјалистички лекарски прглед;
- Болничко лекување и рехабилитација со вклучен оперативен зафат; (заклучно со 30-тиот ден, вклучувајќи и болничка исхрана);
- Лекување на болести на уста и заби;

Освен ова предвидени се и признанија, благодарници и пригодни обележја за секој кводарител кој дарувал крв 5, 10, 25, 50 или повеќе пати.
Бенефициите за крводарителите се регулирани со Програмата за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија што секоја година ја донесува Владата на Република Македонија по предлог на министерството за здравство.

КАМПАЊИ
- Полицијата дарува крв
- Мојот позитивен пример
-Супер е да си млад Cool е да си хуман


ТРАДИЦИОНАЛНИ КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ НА ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

- 25.01. Крводарителска акција по повод роденденот на Тоше Проески ( во соработка
со Интернационалниот Тоше Фан Клуб Форум)
- 26.07. Крводарителска акција по повод катастрофалниот земјотрес кој го погоди
градот Скопје во 1963 год.
-05.10. Крводарителска акција по повод последниот концерт во живо на Тоше
Проески во Скопје ( во соработка со Интернационалниот Тоше Фан Клуб Форум)
- 13.11. Крводарителска акција по повод денот на ослободување на градот Скопје во
Втората Светска Војна

 

ИНФОРМАЦИИ

Доколку имате некое прашање тие можете да ги поставите на следните е-маил адреси:

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.