Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

ПРВА ПОМОШ

ПРВА ПОМОШ
Првата помош е една од активностите на кои Црвениот крст на град Скопје пристапува со голема посветеност и внимание. Со цел да се намалат последиците од повреди и да се зачува човечкиот живот Црвениот крст се залага за обучување на што поголем број на лица за укажување на Прва помош преку организирање на обуки за возачи, обуки во работни организации, обуки за различни целни групи и граѓани, кампањи за подигнување на свеста за значењето на првата помош и организирање на натпревари по прва помош.
Првата помош е доктрина која се учи и може да се практикува од секој граѓанин, а не е привилегија само на медицинските лица.
Првата помош се применува на самото место на настанот и укажува секој кој е обучен и кој се наоѓа во непосредна близина.

Обуки за прва помош
Обуките за прва помош се високо квалитетни, организрани во согласност со критериумите на Европскиот Референтен Центар по прва помош и Европскиот совет за реституција и ги спроведуваат лиценцирани предавачи-инструктори по прва помош. Истите се реализираат во специјализирана училница опремена со соодветна опрема, а на крај од обуката секое лице добива прирачник по прва помош и сертифицирано уверение за обуката.
Прва помош за работни организации
Несреќите на работа можат да остават сериозни последици. Судбината на повредените во несреќи ја одредува брзата реакција на луѓето од непосредната околина, нивната обученост за укажување на прва помош и поседувањето на кутија со стандардни средства за прва помош. Според Законот за Безбедност и здравје при работа (Сл.Весник на РМ бр.92/07 од 24.07.2007 год.) секоја работна организација мора да обезбеди обука по прва помош за своите вработени.

Црвениот крст организира три вида на курсеви за работни организации и тоа:

Основен курс (6 часа) – Цена 1200,00 ден.
Напреден курс 1 (8часа) – Цена 1450,00 ден.
Напреден курс 2 (13 часа) – цена 2000,00 ден

Прва помош за целни групи и граѓани
За повеќе информации јави се на 02 3139-578

Кампањи
Првата помош спасува живот
Иако сум мал и јас знам прва помош

Натпревари по прва помош

Натпревари по прва помош за подмладокот на Црвен крст
Општински натпревар по прва помош
Државен натрпревар по прва помош
Балкански натпревар по прва помош на главните градови на Земјите од Југоисточна Европа
Европски натпревар по прва помош

Кутија за прва помош

Нивото на безбедност и здравје дома, во возилото или на работното место ќе биде на повисоко ниво доколку имате кутија за прва помош која ги содржи следните работи
- стерилни гази, во различна големина
- завои, со различна широчина;
- триаголни марами
- вата
- ролна од леплива трака
- разни форми и димензии на ханзапласт
- ножички или заштитен жилет
- ракавици за еднократна употреба

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.