Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Пункт за бездомници

Вовед


Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје, лоциран во Момин Поток е отворен во 2008 година и истиот работи секој петок кога е посетен од страна бездомниците и тие можат да ги добијат следните услуги: капење, берберски услуги, чисти алишта, бесплатен лекарски преглед и лекови, разговор со социјален работник и психолог и еден оброк.  Пунктот работи  и секој понеделник кога тие можат да се искапат, а воедно тоа е денот кога се перат сите алишта донесени во петокот. За сите бездомници во петок е организиран и превоз од центарот на градот до самиот пункт.

Пунктот го посетуваат редовно 65 бездомници, а во петок во просек 45 бездомници се присутни. Од  основањето на Пунктот до сега евидентирани се 170 бездомни лица. Најголем број од овие лица се целосно незгрижени и живеат во паркови, напуштени згради, железнички/автобуски станици, подруми, гаражи и сл.

 

АКТИВНОСТИ


Хигиенски услуги
Една од основните причини поради која бездомниците го посетуваат пунктот се хигиенските услуги. Сите бездомници пред да добијат која и да било друга услуга можат да се искапат и да добијат чисти алишта. Оние кои имаат потреба ќе добијат и третман против вошливост како и берберски и фризерски услуги.
Воедно своите валкани алишта можат да ги остават и истите да ги подигнат испрани наредниот петок.
Примарна здравствена заштита
Лицата во пунктот добиваат бесплатна примарна здравствена заштита и бесплатни лекови. Доколку се потребни дополнителни лекувања за овие лица на секундарно и терцијарно ниво, тимот на Црвен крст го дава својот максимум при изнаоѓање на соодветни и алтернативни решенија за покривање на трошоците и за институционално смесување на овие лица од страна на државата како одговорен субјект во овие ситуации. Во овој дел сеуште нема системско решение за лекување на лицата кои не се здравствено осигурани и кои немаат лична документација.
Психолошка асистенција
Психолошката асистенција на лицата од интерес во оваа програма има за цел да ја зголеми  свеста за личната одговорност кон сопственото секојдневие, донесување на одлуки кои можат позитивно да влијаат на нивата личност, а најмногу зголемување на личната активност за превземањена активности кои би можеле да им бидат од корист.
Социјална работа
Социјалниот работник работи на следните активности кои пред се се насочени кон реинтеграција на овие лица во општеството: подготовка на социјални анамнези на новите бездомни лица како и ажурирање на веќе постоечките досиеја, реализирање стручно-советодавни разговори, вадење на лични документи, издавање на потврди за сите корисници на пунктот, помош и поддршка при пишување/пополнување на документи, формулари и сл. кај неписмените бездомници, обезбедување на бесплатни услуги од донатори како на пр. Стоматолошки услуги, правни услуги и сл., поддршка при вработување на работоспособните лица, организирање на редовна продажба на уличниот магазин Лице в Лице за продавачите, бездомници, придужба на лицата до соодветни институции кога е потребно. Бездомниците секој петок добиваат и по еден оброк и напитоци.
Привремено прифатилиште
Привременото прифатилиште е подготвено во секое време да прими бездомник кој е во тешка здравствена состојба, а за кој нема итно решение за сместување во соодветна институција. Исто така за зимскиот период е подготвен План за дејствување во екстремно ниски температури во чии рамки се планира отварање на Прифатилиштето кога температурите се пониски од -10 степени целзуисови и се планираат 24 часовни дежурства на екипи на Црвен крст и возило кое на повик дејствува на терен.
Пунктот за бездомници го поддржува секоја година Градот Скопје како и следните компании и организации: Алкалоид, Промес, Сава Осигурување, НЛБ Нов пензиски фонд, Специјал, Везе Шари, Црквата на Исус Христот и светците од подоцнежните дни, Лионс клубот, Меѓународни училишта Нова, голем број на хумани граѓани и други.

ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ ЗА СИТЕ КОИ ЌЕ СРЕТНАТ БЕЗДОМНИК
Доколку сте во можност проверете и прашајте го лицето:
- Како се вика?
- Што му е потребно?
- Како се чувствува, дали е болен и немоќен да се движи?
- Дали ги користи услугите на Пунктот за бездомници на Црвен крст?
Откако ќе добиете барем некоја од овие информации јавете се во Црвениот крст на телефонскот број 3139-578 за да дадете информаци за лицето и воедно за локацијата на која се наоѓа со цел да го посети стручен тим и да му помогне на лицето согласно потребите.
Доколку утврдите дека лицето е во добра здравствена состојба информирајте го дека може да се обрати за помош во Црвен крст на град Скопје во зградата ДХО Даре Џамбаз секој работен ден.

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.