Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

ПАТРОЛНА СОЦИЈАЛНА РАБОТА

ПАТРОЛНА СОЦИЈАЛНА РАБОТА
Борбата против социјалната исклученост е една од главние активности преку која Црвен крст прави напори да придонесе во подобрувањето на поврзаноста помеѓу поединецот и заедницата. Причините за социјалната исклученост често се поврзуваат со недоволната вработеност, ниското образовно ниво, ограничени можности за вработување, застарени знаења и способности или немање на современи алатки за комуникација, домување, немање пристап до информации.
Со цел да се пријде системски во решавањето на социјалните проблеми со кои се соочуваат социјално искучените лица и семејства во ризик во Скопје од 2012 година Црвениот крст на град Скопје ја имплементира програмата Патролна социјална работа во чии рамки се ангажира тим од социјални работници.
Улогата на патролните социјални работници е да придонесат во откривањето и санирањето на социјалните проблеми кои не се само од материјална природа (на пример: бездомништво, семејно насилство, стари лица, инвалидни лица, лица со нарушени семејни односи и други).
По правењето на проценка за проблемите и потребите на лицата во ризик кои често се добива по повеќе реализирани средби се утврдуваат и чекорите кои треба да се превземат, со цел лицето да се поврзе со соодветните институции и организации за да се поддржи во надминување на проблемите со кои се соочува.
Воедно тимот на патролни социјални работници им дава на овие лица прва психолошка помош, психосоцијална поддршка, храна, хигиена, облека и други материјални средства кои им се потребни.
На годишно ниво во Црвен крст се обраќаат за помош повеќе од 200 лица со најразлични проблеми. Од почетокот на оваа прогрма, па до денес во базата се евидентирани 250 лица на кои им е дадена повеќекратна помош и поддршка.
Како резултат на искуствата и информациите од оваа програма се креираше и се имплементира проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на труд“, кој значи чекор повеќе во овозможувањето на работоспособните долгорочно невработени лица да се стекнат со знаења за занает и да добијат можности за вработување.

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.