Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

СОЦИЈАЛНО-ХУМАНИТАРНА ДЕЈНОСТ

СОЦИЈАЛНО-ХУМАНИТАРНА ДЕЈНОСТ
Земајќи го во предвид високиот развој на организацијата на Црвениот крст во изминатите години, Црвениот крст на град Скопје зазема се позначајно место како клучен актер во поддршката на ранливите целни групи во градот Скопје. Работејќи во партнерство со голем број на владини и невладини организации и институции како и со бизнис секторот  од година во година се унапредуваат и развиваат постоечките проекти и активности и се остваруваат голем број на цели.

Водечка цел на програмите и проектите е заштитата на достоинството и намалување на ранливоста и социјалната исклученост на луѓето кои се нашле во неповолна состојба.

Како целни групи најчесто се опфатени семејства и лица во ризик како што се старите лица, бездомниците, децата на улица, самохраните мајки, лицата со хендикеп, семејствата кои се погодени од пожар, поплава и други непогоди и сл.

Помошта, грижата и услугите се базични активности преку кои Црвен крст овозможува разрешување на приоритетни потреби на ранливите целни групи на население кои се соочуваат со одредени социјални ризици. Следејќи ги актуелните трендови во социјалната сфера, прокрај традиционалните активности се применуваат и нови форми и методи за работа во рамки на долгорочни програми и проекти фокусирани на потребите на целните групи.

МАТЕРИЈАЛНА ПОМОШ ЗА ЛИЦА ВО РИЗИК
Материјалната помош во храна, хигиена, облека, кебиња, душеци и слично, е една од основните активности која Црвениот крст ја обезбедува за најзагрозените. Најзагрозените лица во ризик добиваат еднократна помош преку петте општински организации на Црвен крст и континуриана помош преку проектите кои Црвен крст на град Скопје ги имплементира.
Во услови на елементарни непогоди и катастрофи во кординација со одделот за катастрофи се дистрибуираат големи количини на материјална помош за загрозените лица.
Со цел да се помогне на што поголем број на лица и семејства се работи и на поттикнување на општествената одговорност кај населението, компаниите и организациите за донирање на финансиски и материјални добра.

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.