Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

ПОДДРЖКА НА МИГРАНТИ

Обезбедување на помош и поддршка на мигранти кои
престојуваат во двата транзитни центри во РМ

Приоритети

- Медицинска и хуманитарна асистенција на мигрантите и бегалците кои кои се во прифатните центри за бегалци и мигранти во Табановце и Винојуг, како и намалување на ранливоста на бебињата, децата, мајките, старите лица и лицата со специфични потреби.

- Медицинска и хуманитарна асистенција на лицата кои транзитираат во Липковскиот регион.

- Зајакнување на координирани активности заедно со сите вклучени владини и невладини организации кои работат на терен.

 

Црвениот крст обезбедува 24 часовно покривање на центарот за регистрација на мигрантите на Винојуг и Табановце, Куманово, со екипи за прва помош и екипи за логистичка поддршка.

Тимот кој е ангажиран на терен брои 70 лица кои се распоредени во 8 тимови и тоа медицински тим, логистички тим, тим за дистрибуција како и тим за служба барање.

Мобилен тим Липково на Црвен Крст на Град Скопје обезбедува 12 - часовно покривање на терен, седум дена во неделата на принцип 12 – 12 – 48.

Тимот кој е ангажиран на терен брои 7 лица кои се распоредени во два тимови, и тоа медицински тим, логистички тим, тим за дистрибуција и социјален работник.

Главни партнери и донатори за целата операција е Високиот комесеријат за бегалци (УНХЦР), Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина (ИФРЦ), Меѓународен Комитете на Црвен крст (ИЦРЦ). Секако покрај нив како донатори се јавуваат и УНФПА, СОС детско село, УНИЦЕФ, Германски Црвен крст, Македонски Каритас, Solidarite, Save the children-Македонија и други.

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.