Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Проектна активност

Проект за социјализација и поддршка на деца и млади со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства
 
 
Црвен крст на град Скопје и ООЦК на територија на град Скопје со финансиска поддршка на Комерцијална банка

Едно од полињата на кои активно дејстува Црвениот крст е секако помошта и поддршката на ранливото население без разлика на старосната, полова структура. Во оваа насока е и поддршката кон згрижувачките семејства, лица со ментален хендикеп и дневните центри за лица со хендикеп и т.н.
 

Од друга страна пак младите секојдневно се судираат со последиците кои произлегуваат од постоење на предрасуди, стереотипи и конфликти кон луѓе кои се од различна етничка припадност или се со социјални и физички разлики како на пример: бегалци, деца без родители и родителска грижа и телесно инвалидни лица, лица со пречки во развојот...

Во овој контекст, приложените активности преставуваат само еден мал, но важен сегмент во постигнувањето на посакуваната цел за надминување на стереотипите, предрасудите како и вклучување на младите во заедничка работа и ентузијазам.

Црвениот крст и секторите кои дејствуваат во него (задравство, социјално- хуманитарни активности, млади..) нудат можности и капацитети за пронаоѓање механизми со кои може да се помогне и да се даде поддршка на Центрите за социјална работа, поточно крајните корисници на нивните услуги- деца и млади сместени во згрижувачки семејства и во дневните центри за лица со посебни потреби.
Активностите во голема мера би го олесниле животот и потребите на овие категории, а со тоа би се придонело за нивна полесна интеграција во општеството.

Со овој проект се надеваме дека ќе придонесеме за подобрување на условите за живот на лицата од згрижувачки семејства и лицата со посебни потреби од дневни центри како и социјализација и дружење со нив.

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.