Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Правилник на работа

Правила
за работа на Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје

Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје е организациона форма за работа на младите во рамки на одделот за млади на Црвен крст на град Скопје. Него го сочинуваат членовите, лидерот и заменик лидерот.

Во Клубот на млади може да биде секој млад човек, граЃанин на Република Македонија на возраст од 14 до 27 години. Секој член на Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје доброволно потпиШува пристапница.

По активно учество во најмалку 60% од акциите на Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје во период од 3 месеци членот на Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје се здобива со идентификациона (ИД) картичка.

Членовите на Клубот на млади
- ја гласаат програмата за работа на Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје;
- го бираат лидерот и заменик лидерот на Клубот на млади;
- го менуваат лидерот и заменик лидерот;

Лидер на Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје може да биде:
- Секој млад човек на возраст до 25 години кој членува во Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје најмалку една година;
- Член на клубот на млади кој активно учествувал во 80% од акциите на Црвен крст на град Скопје и Клубот на млади во текот на една година;
- Мандатот на лидерот трае 6 месеци, со можност да биде повторно избран за само уШте еден мандат од 6 месеци;
- Престанокот на мандатот на лидерот на Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје е по 6 месеци од неговото избирање со можност да биде отповикан од својата должност доколку отсуствува неоправдано на најмногу 3 состаноци и/или не покажува резултати и успех во работата врз база на извеШтаите за активностите.

Обврски на лидерот:
- Лидерот е задолжен да ги планира и одржува состаноците на Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје задолжително еднаШ во неделата;
- Лидерот е одговорен за архивирање на документите на Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје;
- Лидерот ја координира работата на членовите на Клубот на млади;
- Лидерот е должен еднаШ месечно да доставува извеШтај до Координаторот за млади на Црвениот крст на град Скопје за активностите спроведени со Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје;

Заменик лидер на Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје може да биде секој кој ги исполнува условите за лидер. Заменик лидерот му помага на лидерот во изврШување на утврдените задачи и врШи други работи доверени од страна на лидерот, а во негово отсуство го заменува. Правилата за траењето на мандатот и неговиот престанок се исти како и за лидерот.

Гласање
Лидерот и заменик лидерот на Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје го бираат активните членовите (членови со ИД картичка) на Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје со тајно гласање. Функцијата лидер Ќе му биде доделена на кандидатот со најголем број на гласови, а функцијата заменик лидер Ќе биде доделаена на вториот кандидат со најголем број на гласови.

14.02.2007 год. Црвен крст на град Скопје

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.