Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Млади на црвен крст

Младите во Црвен крст на Република Македонија се организираат на национално и на локално ниво. Во секоја Општинска организација на Црвен крст и како и во Црвен крст на град Скопје постои форма на организирање на младите волонтери преку т.н. „Клубови на млади“. Заедничко за сите клубови на млади е тоа што нивното функционирање е во согласност со Правилникот за организација и работа на Младите на Црвен крст на РМ и Статутите во Општинските организации и Црвен крст на град Скопје. За начинот на организирање секој клуб поседува свое упатство за организирање кое го опишува начинот на организирање кој може да се разликува зависно од потребите на клубот.
Млади луѓе, кои преку своите активности ги шират принципите и идејата за Црвениот крст, волонтираат за посреќно, поздраво и поинформирано општество, во кое младите ќе можат поуспешно и поквалитетно да се оформат како личности и идни успешни лидери на светот. Нашите волонтери се млади луѓе на возраст до 30 години, од различна националност и верска припадност, но со потреба за заедничко разбирање, пријателство и соработка меѓу сите луѓе, и заедничка цел – обезбедување на подобра и посигурна иднина. Инвентивност, креативност, ентузијазам, позитивна енергија и меѓусебно почитување – се само дел од квалитетите на нашите волонтери. Активностите се засноваат врз интересите и потребите на младите луѓе на целата територија на град Скопје и имаат за цел да им овозможат на младите луѓе побрзо и поефикасно да се вклучат во процесите од големо значење за општеството. младите се активни чинители, помагатели во ублажување на потребите на ранливото население, едуцираат, промовираат позитивни вредности, ја менуваат заедницата во која живеат притоа менувајќи се и самите себе си во подобри личности.
Едно од полињата на кои активно дејстува Црвениот крст е мобилизирање на млади волонтери и нивна активна вклученост во програмските и проектни активност на организацијата преку организаирана форма на дејствување- Клуб на млади. Во мобилизација на младите се користат различни пристапи и алатки кои ги таргетираат токму младите. Тука спаѓаат:

- Натпреварите по Прва помош (на општинско, градско и државно ниво) во текот на кои младите добиваат вештини за укажување ПП, а дел од нив остануваат во организацијата и се вклучуваат во други активности, или пак ги прошируваат вештините на ова поле

- Дисеминација (ширење на знаењата за Црвен крст) во основни и средни училшта. Преку оваа алатка младите стекнуваат основни знаења за организацијата, историјатот, амблемот, можности за волонтирање.

- Едукативни предавања од различен карактер во основни и средни училишта на теми од областа здравство, превентива, социјална заштита

- Подготовка и дистрибуција на промотивни материјали за работата на Црвениот крст и клубот на млади со цел да ја дисеминираме нашата работа

- Презентирање на нашите активности преку средствата за јавно информирање, редовни гостувања на ТВ каналите, во писмените инфо гласила, радио и социјалните мрежи

- Програмата ЦКА ПХВ како алатка за привлекување и задржување на нови волонтери во отганизацијата. Младите кои го поминуваат циклусот, добиваат обука за изработка и документирање на мали проекти за добробит на заедницата во која живеат, а потоа се мотивираат да останат во организацијата.
Младите луѓе кои ќе влезат во организацијата, потоа стануваат дел од организирана форма на организирање на младите во ЦК на град Скопје– Клуб на млади. Клубот на млади работи согласно правилникот за работа на млади. Во рамките на клубот постои структура која се избира на секои 2 две (години) и тоа лидер на клуб на млади и заменик лидер. Активностите во клубот ги координира и мониторира стручниот соработник за млади, лице вработено во Црвен крст на град Скопје. Клубот работи согласно правилникот за млади на Црвен крст на РМ, согласно календарот на активности на ЦК на РМ, но и по сопствена програма донесена од членовите на клубот.
Клубот функционира по принципот на неделни состаноци на кои се планираат активностите, но и со поединечни или групни средби во канцеларијата за млади која функционира во рамките на организацијата. Теренските активности се исто така координирани од канцеларијата за млади. Постои и интерен документ- правила за млади при реализација на теренски активности, најмногу во заштита на амблемот на Црвениот крст како и носење на обележја и однесување при активности.
Активностите на клуб на млади се дел од програмата за работа на Црвен крст на град Скопје и истите се операционализираат во оперативна програма која ја следи календарската година. Реализираните активности, со резултати се споделени во годишниот извештај за работа на Црвен крст на град Скопје, документ кој секоја година се публикува и дистрибуира до сите наши соработници, донатори, поддржувачи. Се подготвуваат и тековни извештаи од активности, извештаи до донатор, редовно се споделуваат сите информации во медиумите и на социјалните мрежи- на официјалните страници на ЦК на РМ и ЦК на град Скопје.  Волонтерите кои се дел од клубот на млади поминуваат обуки, работилници преку кои подетално се запознаваат со структурата на организацијата, активностите и приоритетите за работа. Согласно нивните индивидулани потреби, можности и лични афинитети , волонтерите се стекнуваат и со дополнителни обуки во различни сфери пр. зајакнување на тим и тимска работа, лидерски вештини, тренинг за врснички едукатори, дисеминатори, демонстратори за Прва помош и сл. Континуираната надградба на капацитеите на волонтерите помага во нивната вклученост во теренските активности, бидејќи во Црвениот крст волонтерите се столб на организацијата. Волонтерите во рамките на клубот комуницираат помеѓу себе на ниво на неделни средби/состаноци, но и преку социјалните медиуми (отворена и затворена ФБ група) како и преку официјалните ФБ страници на Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на РМ.

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.