Пребарувај по датум:

Крводарителство

Доброволното дарување крв претставува одраз на високи етички, хуманирани и морални вредности. Да се дарува крв и да се спаси нечиј живот, воден од алтруистички побуди е благородно дело. Доброволното крводарителство во Република Македонија има една единствена цел, а таа е да се мотивираат што поголем број на луѓе кои треба доброволно да даруваат крв за да може да се соберат потребните количини на крв и крвни продукти кои се неопходни за лекување на болните и повредените. Крводарителството ги развива особините на хуманост и солидарност кај граѓаните, а особено кај младите, придонесува за подигнување на нивото на здравствената култура и јавната свест. Од тие причини мотивирањето на населението за доброволно дарување на крв е исклучително важно за градење позитивен однос кон крводарувањето.

Црвен крст на град Скопје, со координативна улога помеѓу 5-те ООЦК, постојано е активен во промовирањето и унапредување на крводарителството на територија на нашиот град. Таа промоција ја реализираме преку 2-те редовни крводарителски акции (по повод 26 Јули и 13 Ноември), крводарителските акции иницирани во соработка со здруженија, фондации, крводарителската акција во соработка со Американската амбасада во РМ во знак на сеќавање на жртвите од 11 Септември, гостувања во медиуми, редовни средби и состаноци со комисијата за крводарителство во организацијата, Клубот на крводарители, печатење на промотивни материјали и информативни флаери, мотивирање на младата популација.

КЛУБ НА КРВОДАРИТЕЛИ

Клубот на крводарители при Црвен крст на град Скопје е организациона форма во која членуваат претежно крводарители и мотиватори од различни средини во општеството. Целта е заеднички да се промовира и унапредува крводарителството, организирање на семинари за обука на мотиватори, организирање на крводарителски акции и многу други активности на полето крводарителство. Членувањето во Клубот на крводарители е слободно за секој крводарител кој сака да придонесе за унапредувањето и промовирањето на крводарителството во територијата на град Скопје.

КЛУБ 25

КрводарителствоИзминатите неколку години, покрај Клубот на крводарители на ЦК на град Скопје, активно дејствува организирана форма на млади крводарители мотиватори КЛУБ 25. Оваа форма на млади луѓе е единствена од ваков тип на територија на РМ и е добар пример за мотивирање на младата популација на територија на град Скопје, чија цел е промоција и унапредување на крводарителството помеѓу младите.

Клубот 25 освен тоа што ги поттикнува младите на доброволно крводарителство, ја зајакнува социјалната одговорност и промоција за здравјето кај младата популација преку крводарувањето.
Преку зачленувањето во Клубот 25 младите луѓе учествуваат во крводарителските акции, учат за здравите животни навики и се стимулираат редовно да даруваат крв.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.