Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Планинско спасителна станица Водно

Планинско спасителна станица Водно

s_vodno

Контакт телефон: 02/3177-026

Во рамките на Црвениот крст на град Скопје постои и функционира Планинско спасителна служба

Тимот за спасување на планина брои 15 членови кои се обучени да дават услуги за спасување на планина .Тие се искусни планинари-алпинисти со долгогодишно искуство како спасители на планина  кои се професионално ангажирани од страна на Црвениот крст на град Скопје за обездедување на планина.Во самиот Тим се вклучени и доктор и медицинска сестра кои освен што земат учество во  лоцирање згрижување  и спасување  на повреденит,истите  се обучени и во давањето на Првата и неодложна помош.

Спасителите на планина освен редовните активности обезбедување на Жичницата на планината Водно,обезбедување на рекреативниот центар Матка и пунктот во склоп на Центарот за едукација и рекреација “Даре Бомбол” , вршат редовни кондициони тренинзи, симулаци на извлекување на повредени и други вежби поврзани за брзо и безбедно спасување на планина.

Во  соработка со Собрание на град Скопје и Црвен крст на град Скопје  во комплексот на ЦЕР Даре Бомбол функционира Планинско спасителна станица .

Планинската спасителна станица формирана и функционира уште од 2005 година.

Црвениот крст е задолжен за обучување и опремување на членовите на тимот со лична и колективна опрема

Во Планинско спасителната станица е организирано редовно дежурство за викенди и државни празници  која работи во временски интервал од 09:00 до 20:00 летен период  и во зимскиот  од 09:00-17:00 часот во кој дежурат по двајца  спасители од кои едниот е медицинско лице.

Дежурните во овој период  дават бесплатна прва помош на оние кои им е потребно и итен транспорт до најблиската медицинска установа.

Членовите на Тимот се оспособени и за планинско спасување, спасување на непристапни терени, спасување на огнени стихии и пружење на прва помош.

За 2016 година волонтерите на ТСП  имаат интервенирано кај 79 планинари, велосипедисти и други лубители на природата од кои 52 случаеви се транспортирани до Ургентен центар.

Со возило на Црвениот крст на град Скопје  транспортират потешките случаеви како  скршеници, мозочен удари, инфаркти и  хипотермични случаеви.

Тимот за спасување на планина зима учество во обезбедување на планинарските маршеви организирани во територијата на град Скопје.

 

vodno_s

ПАМФЛЕТА

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.