Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Репортажа за активностите на Тимот за логистика на ЕИИ на Водно

Единицата за итни интервенции и нејзиниот Тим за логистика, на 3 и 4 Ноември 2006 год. Ги направи сите подготовки за организирање на Тренинг активностите во Центарот Даре Бомбол на Водно. Беше приспособена и транспортирана плинската кујна од магацинот во Петровец, и поставено шаторско крило.
Утредента, на 5-ти, членовите на Единицата, предводени од командантот и униформирани, со организиран превоз пристигнаа на Водно.Таму беа дочекани, од Тимот за логистика во затоплениот шатор, со топол чај. Организацијата беше беспрекорна, на јарболот се вееше знамето на Црвениот крст, а во непосредна близина на шаторот, во полската кујна, се подготвуваше гравче.
Се започна со чистење на кругот на Центарот, а излетниците, љубопитни, застануваа, прашуваа што се случува, а некои од нив останаа и на ручек
За време на ручекот, тимот за спасување на планина, преку радио станицата, доби повик дека горе, во близината на Поштански, има излетник со скршеница. Сите членови , заедно со лекарот од медицинскиот тим,со возило веднаш се упатија кон местото.За среќа се вратија без "повредениот", повикот бил лажен, организиран од тимот за логистика.
Ова беше уште една потврда, колку тимот е компактен и брз во вакви ситуации.

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.