Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Движење на СКСР

Мисија на движење

Да го спречи и ублажи човековото страдање каде и да е, да го заштити животот и здравјето, да обезбеди почит и достоинство за човdunantековото битие, особено за време на вооружени конфликти, несреќи и катастрофи, да работи на превенција на болести и унапредување на здравствената, социјална добросостојба на лугето, да поттикне доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

Ниту еден друг човек не ја заслужува почитта повеќе од големиот Анри Динан кој ги постави темелите на организацијата за помош на ранети на военото поле. Без него, Црвениот крст, највисокото хуманитарно остварување на деветнаесетиот век, веројатно немаше да биде основано.

Историјата на Црвениот крст е поврзана со ужасите на воените конфликти, страдања на човекот и потребата на давање на помош и воспоставување на хуман однос. Сликите на ужасот кај Солферино 1859 година во Северна Италија, непосредна вклученост на Анри Динан во организирање на помош за настраданите што ги опиша во својата книга Сеќавање на Солферино го отворија патот на хумано Движење што денес вклучува околку 130 милиони активисти и волонтери во целиот свет.

Од 1994 година Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина има постојан набљудувач во Генерално собрание на Обединетите нации.

Меѓународен Комитет на Црвен крст формиран во 1863, е независна, неутрална и непристрасна хуманитарна институција, промотор на меѓународното хуманитарно во чија основа се Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 година. Во рамки од мандатот, во време на вооружани внатрешни и меѓународни конфликти и внатрешни немири, негови задачи се:

- обезбедување помош и заштита на воените и цивилните жртви, како воени заробеници, цивилни притворени  лица, ранети во судири или цивилно население во окупирани територии;

- посета на воени зарабоеници и цивилни притворени лица;

- барање на ишчезнати лица

- пренесување на пораки меѓу членови на семејства разделени како резултат на конфликт;

- соединување на раселени семејства;

- обезбедување на храна, вода и медицинска помош за цивили што неможат да ги остварат овие основни потреби;icrc

- ширење на знаењета за хуманитарно право, контрола и негово почитување;

Национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина дејствуваат во своите земји, со активност на хуманитарен план преку програми за:

- згрижување, храна и медицинска помош во случај на итни потреби;

- обезбедување на вода и санитетски потреби;

- повторно воспоставување на контакти меѓу членовите на семејствава кои се погодени од катастрофи;3ck

- подготвеност при катастрофи;

- здравствена и социјална грижа во заедницата;

- обука и активности по прва медицинска помош;

- крводарителство;

- превентивни здравствени активности;

- младински активности;

- дисеминација на Меѓународно хуманитарно право;

Меѓународна Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина,  основана во 1919 година, работи на зајакнување на капацитетите на Националните друштва за ефикасно спроведување на нивните активности на здравствен и совијален план и за активности за подготвеност при катастрофи. Ја координира и ја насочува меѓународната помош која ја обезбедува Движењето за жртвите од природни и технолошките катастрофи и ја поттикнува ifrcхуманитарната работа на Националните друштва за подобрување на состојвите на најзагрозените лица.

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.