Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Кратка историја на ПХВ програма

Краток историјат на ПХВ програма

Црвен крст на град Скопје, поддржан од Црвениот крст на Р. Македонија, продолжува со спроведување на проектот “Црвен крст во Акција-Промоција на хумани вредности”.

Проектот е домашен производ создаден во склад со локалните обичаи и културни норми. Во создавањето на проектот учествувале и континуирано учестуваат многу луѓе, но за автори на проектот се сметаат Екатерина Џајковска, Херби Елмази и Дарко Јорданов.

slika cka phvПроектот е инициран во 1996 година од страна на Норвешкиот Црвен крст, а подготвен од страна на Меѓународниот комитет на Црвен крст во соработка со Црвениот крст на Р.Македонија и Министерството за образование и наука.

Во рамките на ЦКА-ПХВ проектот е изработен и прирачник со вежби, одржани се 344 нагледни часови во 84 средни училишта во кои учествувале преку 8000 ученици и 920 професори и повелќе од 100 тридневни ЦКА-ПХВ работилници на кои присуствувале над 3000 ученици и 520 професори и стотици младинци и дисеминатори на Црвениот крст на Р.Македонија.

Според договорот меќу Црвен крст на град Скопје и Министерство за образование и наука претставувано од Бирото за развој на образование во учебната 2004/5 година проектот се изведува во 11 гимназии од 9 града во рамките на проектните активности по македонски односно албански или турски јазик и литература на тема новинарство или етнологија. Во учебната 2005/2006 година проектот беше имплементиран во 6 училишта во 5 града во Република Македонија, но исто така преку новиот модел за дисеминација за млади како пилот проект влезе преку Општинските Организации на Црвен крст Карпош, Гостивар, Охрид, Кочани и Тетово.

Со започнувањето на ЦКА-ПХВ циклусот 2006/2007 во септември 2006 година, ЦКА-ПХВ проектот беше имплементиран во сите 34 ООЦК во Р.М. Во текот на овој циклус во него беа вклучени и зедоа активно учество вкупно 1189 младинци на возраст од 14 до 19 години од цела Македонија. После завршуванјето на ЦКА-ПХВ обуката овие млади луѓе беа поттикнати и мотивирани да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во која што живеат. Во текот на ЦКА-ПХВ циклусот 2006/2007 беа изработени 82 мали проекти.

После овој успешно имплементиран циклус ЦКА-ПХВ програмата континуирано се спроведува на територија на целата Р. Македонија, опфаќајки младинци од сите ООЦК во Р.М.

Во текот на изминатите години таа континуирано дава одлични резултати, во прилог краток табеларен приказ.

циклус 2006/2007 2007/2008 2008/2009 2009/2010 2010/2011 2012/2013 2014/2015 2016
Број на изгаботени проекти 82 115 100 113 115 210 192

184

Како резултат на продолжување на успехот и успешната работа во текот на 2010/2011 година во ЦКА-ПХВ циклусот активно беа вклучени 1053 младинци и 34 дисеминатори, а како резултат на нивните заеднички залагања овој циклус резултираше со 115 изработени мали проекти за добробит на заедницата. Во 2012/2013 година беа сработени 210 млаи проекти.

Во циклусот 2014/2015 година беа сработени 192 мали проекти додека пак во 2016 година вкупно 184 мали проекти за доборбит на заедница.

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.