Посета на регионална канцеларија на Австриски Црвен крст во Грац, за соработка во доменот на системот за итна интервенција кај стари лица
Во периодот од 12-14.09.2018 беше реализирана посета на регионалната канцеларија на Австрискиот Црвен крст, во Грац. Посетата беше остварена од страна на Секретарот на Црвен крст на град Скопје, г-ѓа Сузана Тунева Пауновска и координаторот на програмата за нега на стари лица при Црвен крст на град Скопје, со цел да се оствари соработка во доменот на воспоставување и развој на програма за итна интервенција кај стари лица.
Во текот на посетата освен што беа разменети искуства во доменот на сервисите за мобилна нега на стари лица, беше остварена и посета на канцеларијата за „помош на повик“ , за итна интервенција кај стари лица, кои се едни од најразвиените и најбарани сервиси.
Плановите во иднина се во насока на развивање на пилот програма за развој на ваков сервис преку Црвениот крст на град Скопје.