Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

ДЕНОТ НА САВА

            Волонтирање, донирање, крводарување – пример за партнерство

Црвениот крст на град Скопје и оваа година имаше задоволство, повторно да биде партнер на Сава осигурување во одбележувањето на нивниот корпоративњен празник „Ден на Сава Ре“. Во текот на месец април беа реализирани голем број на хуманитарни и општествено одговорни активности со масовна поддршка и учество на вработените во компанијата.

Дел од нив го посетија центарот за дарување крв во ДХО Даре Џамбаз-Скопје и донираа крв како израз на највисок степен на солидарност.

Со нескриена љубов се вклучија во акцијата “Волшебно велигденско дрво” за да ги исполнат желбите на 30 деца и младинци од “Дневниот центар за лица со церебрална парализа - Капиштец”. Вработените освен подарок/желба, на секое дете му доставија и лична порака, а со самото тоа се стекнаа и со нови пријателства.

Дел од вработените еден работен ден го поминаа и волонтерски во Пунктот за бездомни лица во Момин поток каде донесоа домашно подготвена храна, се запознаа со корисниците, разговараа со нив и се дружеа неколку часа. И оваа година компанијата донираше 120.000 денари за здравствените потреби на корисниците на пунктот.

Компанијата редовно се вклучува во кампањите за донирање на облека, а овој месец во Сава осигурување се поставени првата кутија и штендер од новиот проект "Копче", каде вработените започнаа секојдневно да донираат чиста и уредно подговена облека за потребите на проектот.

Како компанија со голема општествена одговорност и долгогодишен соработник на Црвен крст на град Скопје, неколку години по ред, преку својата програма за општествена одговорност, Сава Осигурување обезбедува месечна поддршка за храна, хигиена, лекови и лекувања на едно семејство во ризик.

07.05.2018

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE