Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

УСПЕШНО СЕ РЕАЛИЗИРАШЕ НЕДЕЛАТА НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА

Под мотото СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА, се реализираше Неделата на грижа за стари лица 2017 година. Со активностите кои се спроведоа преку Црвен крст на град Скопје, во периодот од 20-25.11.2017, директно беа опфатени и вклучени 776 лица во трето доба.
Активноста започна со настан во дневниот центар за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз“, каде се одржа донаторска средба на која присуствуваше Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Албиз Фондацијата Илир Идризи и претставници на Град Скопје. Во рамки на оваа недела, организиран беше хуманитарен фолклорен концерт, на кој присуствуваа над 200 активни лица во трето доба, кои имаа можност да проследат настапи на музички групи и хорови од различни етнички групи на лица во трето доба. Реализирана беше и работилница за плетење во која беа вклучени 11 корисници и 12 волонтери, а повозрасните ги споделуваа техниките на плетење со помладите. Во соработка со училиштето за лица со оштетен вид ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, се организираше посета на ЈЗУ Геронтолошки Завод „13 Ноември“, каде учениците имаа музички рецитал за 35 штитеници на домот. 
Во текот на неделата се реализираа и 5 пунктови (Сарај, Чаир, Центар, Аеродром и Шуто Оризари) за информирање и здравствена превенција, преку кои беа опфатени 252 лица. Беа доделени 180 пакети со храна за социјално загрозени стари лица во домашни услови, како и скромни подароци од страна на волонтерите.


Цела недела , како и тековно преку целата година, течеа посетите на стари и немоќни лица во домашни услови од страна на 5 мобилни тимови, составени од медицински сестри и волонтери. Во рамки на неделата, дополнително, 76 стари лица во домашни услови добиваа услуги за нега од страна на 38 обучени негувателки за стари и немоќни лица.

30.11.2017 1

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.