Одбележување на Осми март во дневниот центар за стари лица

Денес во просториите на дневниот центар за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз“ беше одбележан денот на жената Осми март. Активноста беше одбележана заедно со корисничките на трите дневни центри при Црвен крст на град Скопје и штитеничките на домот за стари лица „Дабевски“. На самиот настан се поведе дискусија за борбата на правата на жените во Македонија во минатото и денес, односно се дискутираше за придонесот на жената во општеството, жената како столб на општеството и семејството и дискриминацијата на жената.   Првиот претседател на Црвен крст на Република Македонија г. Живко Поповски Цветин им наслика и подари слики на присутните. Во разубавувањето на атмосферата придонесе и комичарот Војо Китановски, кој се појави изгледајќи како Јосип Броз Тито и со stand up комично шоу им го развесели денот на возрасните дами во центарот.

Во дневниот центар за лица во трето доба при Црвен крст на град Скопје во текот на целата години се организираат активности и настани кои говорат за правата на жените и нивната водечка улога во општеството.

09.03 2