Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Одбележан Светскиот ден на Првата помош

Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје, традиционално и оваа година го одбележија Светскиот ден на Првата помош во соработка и со поддршка на СВР Скопје.

 

Одбележувањето на истиот, беше на 10 Септември (сабота) со изведување на показна вежба за правилно укажување на прва помош на неколку локации во нашиот град и тоа пред ТЦ Бисер, на локација пред порта Македонија и спроти ТЦ Мавровка (Бит пазар).

На споменатите локации беа симулирани повреди, а возачите на моторни возила кои беа сопрени од страна на овластено лице на СВР Скопје требаше правилно да ги санираат. За сите кои правилно укажаа Прва помош поделени беа  награди (сет за Прва помош), а оние кои немаа доволно знаење, беа едуцирани од волонтерите на Црвениот крст кои се обучени за правилно укажување ПП.

Преку оваа активност, Црвениот крст уште еднаш ја нагласува потребата од навремено и правилно укажување Прва помош како вештина која спасува живот, вештина која треба да биде совладана од сите, без разлика на возраста.

6

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.