Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Крводарителска акција во соработка со Амбасадата на САД во Македонија

На 14 септември, Црвен крст на град Скопје по осми пат ја организираше традиционалната крводарителска акција и собирна акција за прехранбени продукти во соработка со Амбасадата на САД во Р. Македонија.

Акцијата е иницирана со цел  одбележување на трагичниот настан од 2001 година и со цел поттикнување на хуманоста и општествена одговорност како кај вработените во амбасадата така и кај партнерите и соработниците.

Во сколоп на акцијата беа собрани 320 единици крв што претставува рекорден број на единици крв,  собрани на оваа акција. Во реализација на истата беа вклучени волонтерите од ООЦК Чаир како и волонтерите од клуб 25- клуб на млади едукатори и мотиватори во крводарителство. Исто така собрани беа поголеми количини прехранбени продукти, донирани од  институции, компании, поединци. Собраната храна понатаму ќе биде пакувана и дистрибуирана за семејства во ризик.

Амбасадорот на САД во Р.Македонија г. Џемс Бејли,  генералниот секретар на Црвен крст на Р. Македонија г. Саит Саит и директорката на Институтот за трансфузија г-ѓа Емилија Велкова имаа свое обраќање до јавноста, а г. Бејли и г. Саити традиционално даруваа крв.
us-ambasady

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.