|
Кратка историја
Црвен крст на град Скопје
поддржан од Меѓународен комитет на
Црвен крст продолжува со
спроведување на проектот Промоција
на хумани вредности.
Проектот
е домашен производ создаден во склад
со локалните обичаи и културни
норми. Во создавањето на проектот
учествувале и учестуваат многу луќе
но за автори на проектот се сметаат
Екатерина Џајковска, Херби Елмази и
Дарко Јорданов.
Проектот е инициран во 1996 година
од страна на Норвешки Црвен крст, а
подготвен од страна на Меќународен
комитет на Црвен крст во соработка
со Црвен крст на Р.Македонија и
Министерството за образование и
наука.
Во рамките на ПХВ проектот е
изработен прирачник со вежби,
одржани се 344 нагледни часови во 84
средни училишта во кои учествувале
преку 8000 ученици и 920 професори и
72 тридневни ПХВ работилници на кои
присуствувале 2880 ученици и 520
професори и 188 претставници на
Црвен крст на Р.Македонија.
Според договорот меќу Црвен крст на
град Скопје и Министерство за
образование и наука претставено од
Бирото за развој на образование во
учебната 2004/5 година проектот се
изведува во 11 гимназии од 9 града
во рамките на проектните активности
по македонски односно албански или
турски јазик и литература на тема
новинарство или етнологија. Во
учебната 2005/2006 година проектот
беше имплементиран во 6 училишта во
5 града во Република Македонија, но
исто така преку новиот модел за
дисеминација за млади како пилот
проект влезе преку Општинските
Организации на Црвен крст Карпош,
Гостивар, Охрид, Кочани и Тетово.
Со започнувањето на ЦКА-ПХВ циклусот
2006/2007 во септември 2006 година,
ЦКА-ПХВ проектот беше имплементиран
во сите 34 ООЦК во Р.М. Во текот на
овој циклус во него беа вклучени и
зедоа активно учество вкупно 1189
младинци на возраст од 14 до 19
години од цела Македонија. После
завршуванјето на ЦКА-ПХВ обуката
овие млади луѓе беа поттикнати и
маотивирани да изработуваат мали
проекти за добробит на заедницата во
која што живеат. Во текот на ЦКА-ПХВ
циклусот 2006/2007 беа изработени 81
мал проект. Како резултат на
продолжување на успехот и успешната
работа во текот на 2007/2008 година
беа изработени 115 мали проекти.
|