Одбележување на 8 мај

На Денот на Движењето на Црвениот крст и Црвената Полумесечина, 08 Мај, Министерот за Здравство г. Никола Тодоровски го посети Дневниот центар за крводарители и подели благодарници на крводарители од ООЦК на територија на град Скопје со над 100 крводарување со што на симболичен начин  им оддадеме признание за нивната хуманост и хуманитарна акција преку чинот на дарување крв.

Имајќу во предвид близината на Двата центри, Центар за крводарители и Дневен центар за стари лица, посетата на Министерот се искористи и за посета и промоција на Дневниот центар за стари каде тој лично имаше можност да разговара со старите, за нивните потреби и нивното секојдневие.

Во иднина Министерство за здравство ќе обезбедува дневни весници на дневна основа како и бесплатни месечни прегледи во самиот центар.